Целата производна серија на шведскиот хиперавтомобил вреден 2,4 милиони евра „изгоре“ за само неколку дена

Доколку некој се запрашал зошто последниве години порасна бројот на произведувачи на суперавтомобили, конкретен одговор даде шведскиот Koenigsegg.

За само неколку дена од претставувањето, оваа компанија ги распродаде сите 125 планирани единици на ултрабрзиот модел Jesko. Куриозитетот да биде уште поголем, сите продажби се направени на „невидено“, бидејќи производството започнува следната година.

Koenigsegg продаде 83 единици пред почетокот на саемот во Женева, на кој Jesko имаше светска премиера, а по дебитирањето „пламнаа“ и преостанатите 42 примероци.

Потребно е да се нагласи дена еден примерок на Koenigsegg Jesko чини 2,43 милиони евра, а Швеѓаните планираат да прават еден автомобил неделно.

Егзотичниот двосед го движи централно сместен 5.0-литарски V8 агрегат, кој со E85 гориво развива монструозни 1.600 коњски сили, со што Jesko би требало да достигне максимална брзина од 483 км/ч и бил најбрз автомобил на светот кој може да се користи на „цивилни“ патишта.

Хиперавтомобилот го доби името по таткото на оснивачот, Кристијан фон Кенигзег, а таткото Јеско бил еден од најзаслужните за развојот на компанијата.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.