По величествениот DeZir од пред шест години, Renault претставува импресивен GT концепт

1

Renault Trezor е весник на новиот дизајнерски циклус на марката и изгледа неверојатно атрактивно со својата мускулеста каросерија.

Ниската силуета има екстремно долга хауба на моторот и испакнати, набилдани крила, што со должината од 4,7 метри креира моќна појава. Тркалата се од 21 инчи напред и 22 назад.
Концептот е исклучително аеродинамичен, со коефициент на воздушен отпор од само 0,22 и тежина од само 1.600 килограми.

Кабината е футуристичка, со просторно изобилие благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,7 метри. Најинтересниот детаљ на ентериерот е масивниот OLED дисплеј со Corning Gorilla стакло.

Врвната импресија за овој концепт продолжува и кај погонската единица. Се работи за дериват од Formulа E, кој испорачува 350кс и 380Nm на задните тркала. Спринтот до 100км/ч трае помалку од 4 секунди, а автономијата не е наведена.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.