Шефот на Peugeot Sport одделението најави уште побрза и помоќна варијанта на 308 GTI

308 GTI

Во интервјуто дадено за австралиските медиуми, шефот на Peugeot Sport дивизијата Патрис Деланој, изјави дека нивниот нов компакт ќе се напојува со 1.6 турбо мотор способен за многу повеќе од моменталните 270кс.

Станува збор за сила од преку 310кс, произведени од доверлив компактен мотор.

Деланој исто така откри дека потпирањето и сопирачкиот систем на моделот ќе бидат редизајнирани, за да можат да се изборат со дополнителната сила.

„Во целата приказна не е главна снагата која овој мал турбо мотор ја произведува, туку вртежниот момент. Новиот агрегат поседува повеќе од 400 Nm вртежен момент, што е многу добра бројка која создава совршени можности за возилото“, додаде Деланој.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.