Иако беше незамисливо поимите Rolls-Royce и SUV воопшто да се најдат во една иста реченица, теренскиот модел на британскиот произведувач „оди како алва“

Додека конкуренцијата има проблеми да ги оствари своите планови, а Брегзит продуцира финансиски губитоци, RR има други „проблеми“.

Иако беше незамисливо поимите Rolls-Royce и SUV да бидат во една иста реченица, теренскиот модел на британскиот произведувач е полн погодок.

Имено, побарувачката за првиот SUV модел Cullinan на Rolls-Royce е толку голема што британската компанија е приморана да вработи уште 200 работници, а во план е и дополнително проширување на производните капацитети.

Интересен е и фактот што RR до сега не продал ниту еден Cullinan со основен пакет на опрема, туку се бараат исклучително персонализирани единици што носи дополнителен приход, а дури половина од купувачите се припаднички на понежниот пол.

Rolls-Royce Cullinan е долг 5,34 метри, а масата од 2.660 килограми ја движи 6,7-литарски V12 агрегат кој развива 570 кс и 850 Нм, во пар со 8-степен автоматик.

Едно од најпродаваните возила на Rolls-Royce на сите времиња од 0 до брзина од 100 км/ч забрзува за 5,2 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.