Денес во салонот на Volkswagen во Скопје беше претставена новата осма генерација на Passat, која претставува спој на иновации, раскошни карактеристики, изразена естетика, ефикансост и врвен квалитет.

IMG_2882На промоцијата до присутните се обратија Владимир Димитрoвски, бренд менаџер на Volkswagen, како и Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen.

IMG_2889Од појавувањето во 1973 година до денес, Passat е најстариот активен модел на Volkswagen. Со преку 22 милиони продадени примероци во својата 41-годишна традиција, исто така е и еден од најуспешните автомобили на брендот. Во прилог на ова бренд менаџерот Димитрoвски изјави:

IMG_2883„Секоја досегашна генерација на Passat остави печат на своето време и постави нови стандарди во средната класа. Некоја во поглед на просторот, друга во поглед на безбедноста, дизајнот технологијата. Претходната седма генерација успеа да собори рекорд и во Македонија со најголем удел во својот сегмент близу 50%. Речиси секој втор автомобил од средната класа во Македонија е Passat“.

IMG_2875Соодветно на досегашниот успех Volkswagen со новата генерација на Passat си постави предизвик да создаде автомобил кој не само што ќе биде достоен наследник на неговиот претходник, туку и ќе напише сосема ново поглавје во автомобилската историја.

IMG_2881Осмата генерација на Passat, според Димитрoвски поставува нови стандарди на полето на удобноста, безбедноста, дизјанот, перформансите потрошувачката и еколошката прифатливост. Ги поместува границите на средната класа и им фрла ракавица в лице на премиум моделите.

IMG_2894Во одноос на неговите технички специфииакции и достигнувањa Александар Цветковски ги нагласи предностите на новиот автомобил кој ги менува стандардите во средната класа :„Новиот Passat истовремено е елегантен и спортски автомобил со настап кој е истовремено и одмерен и агресивен. Го проширува опсегот на достапна моќност кај моторите, а кај дизел моторите ја поместува горната граница до 176 KW / 240 КС.

IMG_2865Во серија испорачува богата безбедносна и функционална опрема, а може да се надогради и со мноштво опции за да ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Нуди системи за помош, како помош при паралелно паркирање, помош при маневрирање со приколка, помош при возење во метеж, помош во итни случаи и систем за детектирање на пешаци. Во серија достапните можности за поврзување кај новиот Passat се дополнети со опциите Mirrorlink и CarNet.“

IMG_2878Лидерот во бизнис класата е веќе достапен за македонските возачи, а претставниците на Порше Македонија се сигурни дека совршениот нов Volkswagen Passat ќе биде успешен најмалку како и неговите претходници.

IMG_2892

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.