Припазете каде паркирате и обрнете внимание да не ве демне малиот зелен електричен контејнер

Јавното претпријатие за стопанисување со јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје од 10 април почна со „воведување ред“ на резидентните паркиралишта.

Ќе се поставуваат блокатори на сите возила што ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници резиденти на секторот во коj се паркирани со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за свои потреби.

Поставувањето на механичко средство блокатор во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари.

Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјално возило „пајак“.

Акцијата ќе почне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во другите сектори со кои стопанисува претпријатието.

Оваа промена се воведува поради големиот број поплаки од граѓаните што не може да се паркираат на нивниот паркинг од други возила што не се станари.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе може бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а другите граѓани ќе може да го регулираат својот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.