Неславен и истовремено неверојатен рекорд

Во Волгоград, Русија, на 9 август полицијата и судските извршители изведоа заедничка акција на апсење. Мета на нивната рација е многу необична, бидејќи не е во прашање крадец или убиец, туку возач.

Уапсен е 31-годишен граѓанин на Волгоград, кој зад управувачот на својата Ladа Priorа во изминативе 3,5 години заработил неверојатни 1.353 сообраќајни казни.

Секогаш одбил да ја плати казната, иако имал забрани сепак возел и правел нови прекршоци, зголемувајќи ги „пеналите“ во возачкото досие.

Во моментот на апсењето, долгот на прекршочниот шампион изнесувал 1.5 милиони рубљи (околу 19.600 евра).

Неговиот автомобил е конфискуван, но бидејќи нема да биде доволен за намирување на долгот, најверојатно дека рускиот возач ќе мора да се помири со одземање на дел од имотот доколку не биде во состојба да ги плати казните.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.