Утврдено е дека електричната пумпа за ладење може да се прегрее и запали

Германскиот автомобилски произведувач Audi соопшти дека повлекува 1,2 милиони возила, заради тоа што е утврдено дека електричната пумпа за ладење може да се прегрее и да се запали.

Се повлекуваат А4 возила произведени од 2013 до 2016, А5 од 2013 до 2017, А6 произведени од 2012 до 2015 и Q5 моделска година 2013-2016, пренесе АР.

Во соопштението се прецизира дека пумпата блокира или доаѓа до краток спој, заради влажноста.

Преставникот за медиуми рече дека до сега се забележени повеќе инциденти со запалени пумпи, вешто одбегнувајќи ги деталите.

Овластените сервиси бесплатно ќе извршат замена на овие пумпи со нови и редизајнирани, кај кои веќе не постои опасност од прегревање.

Истите возила Audi ги повлече и минатата година, на кои тогаш само беше ажуриран софтверот, но се испостави дека со тоа проблемот не бил решен.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.