Дождот е честа појава во сезоната пролет/есен и токму затоа „Високи Октани“ и РСБСП потенцираат дека возењето на дожд бара огромна концентрација, внимателност и претпазливост

Driving-in-rain

Дождот е честа појава во сезоната пролет/есен и токму затоа „Високи Октани“ и РСБСП потенцираат дека возењето на дожд бара огромна концентрација, внимателност и претпазливост. Искусните возачи знаат дека во услови на дожд и врнежи, дел од карактеристиките на автомобилот се менуваат кога е во прашање управливоста, забавувањето, забрзувањето и стабилноста на автомобилот.

Ова се неколку важни совети за безбедно возење во услови на дожд:

1. Доколку врнежите се обилни и улицата или патот е поплавен со вода најдобро е да се паркирате на безбедно место, да почекате и привремено да го одложите патувањето. Бидете особено претпазливи во деловите од патот каде што има подвозници, градежни работи, шахти, работа на пат, друго и не поминувајте преку воден тек, затоа што не сте во можност да ја процените соодветно неговата длабочина и неговата сила.

Driving-Rain

2. Намалете ја брзината и држете поголемо растојание затоа што влажниот коловоз го продолжува сопирачкиот пат на возилото. Бидете претпазливи и подготвени при ненадеен „аква-планинг“ односно во случај пневматиците да почнаат да пролизгуваат над слојот со вода и привремено да го изгубат контактот со подлогата коловозот, немојте да кревате паника и никако не преземајте нагли дејствија, т.е. не кочете и не свртувајте нагло, туку само присебно и полека отпуштете ја педалата за гас и наведете го автомобилот во правецот на патот.

3. Во услови на дожд не е препорачливо да се користи автоматски уред за контрола на брзината – темпомат, затоа што во таква ситуација поголема е веројатноста од појава на „аква-планинг“.

driving-rain-1024x585

4. Секогаш држете го управувачот на автомобилот со двете раце. Проверувајте го притисокот на пневматиците и длабочината на шарите и проверувајте ја исправноста на бришачите на ветробранското стакло. По потреба соодветно третирајте го ветробранското стакло за побрзо и полесно „пролизгување“ на водата од дождот и подобро видно поле за возачот.

5. Не возете блиску позади автобуси и големи камиони. Затоа што се создава прскачки млаз од нечиста вода која го нарушува видното поле на возачот.

6. Користете средни светла. На тој начин ќе го продолжите вашето видно поле, а исто така и полесно ќе бидете забележани од другите учесници во сообраќајот. Во случај на магла кога видливоста е помала од 50 метри, користете светла за магла. Во случај на замаглување на стаклото поради поголема влажност на воздухот, вклучете го греењето.

rainy-driving

7. Во случај на вонредна ситуација (поплавени патишта, уништена инфраструктура сообраќајна незгода, итн.) прилагодете го начинот на возење со условите на патот. Следете ги сообраќајните знаци или вонредната сигнализација, како и насоките на полициските службеници.

8. Доколку дождот врне интензивно и подолго време, тоа значи дека имате потреба за повеќе одмор. Одмарајте на секои 2-3 часа возење. Возењето во услови на дожд од возачот бара многу поголема концентрација и почести паузи.

Во услови на дожд бидете одговорен и внимателен возач и пред се возете дефанзивно. По престанувањето на врнежите проверете ја исправноста на сопирачките. Доколку сте возеле на коловоз на кои има поголеми количини на вода, дисковите за кочење веројатно се влажни и се нарушува сопирачкиот систем на возилото. По потреба, со благо и константно кочење исушете ги плочките на сопирачкиот систем.

1_0x0_790x520_0x520_driving_in_rain_resized

9. Возете внимателно на местата каде што коловозот собира вода и внимавајте да не ги изводените пешаците кои се движат по тротоарот. Возачите посебно треба да имаат во предвид и да внимаваат на пешаците кои се движат со чадор затоа што чадорите го намалуваат нивното видно поле.

РСБСП со апел до возачите секогаш да бидат соодветно подготвени во зависност од временските услови. Возете одговорно и не дозволувајте моментите наменети за уживање да се претворат во семејна трагедија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.