Доколку помисливте дека ова е невозможна мисија, ремек делото Ferugeot на ентузијаст од Чешка го докажува спротивното

Автомобилите од марката Ferrari се скапи возила и недостапни на обичните смртници, но желбата на одделни автоентузијасти е толку голема што сами се одлучуваат да направат реплика.

Доколку помисливте дека ова е невозможна мисија, ремек делото на ентузијаст од Чешка го докажува спротивното.

Сон на овој човек бил Ferrari 550 Maranello, а бидејќи не можел да си го дозволи, решил да си го направи сам. Како база земал едно Peugeot 406 Coupe, а изборот не е случаен бидејќи и двете возила ги дизајнирал Пининфарина.

Предниот и задниот дел на 406-ката мајсторски ги заменил со елементи на Ferrari 550 Maranello, како и тркалата.

Во внатрешноста вградил волан со пропнатото коњче и така настанало ова ремек дело, кое добило и соодветен прекар – Ferugeot.

За погон го користи најјакиот мотор на 406 Coupe – 3.0-литарскиот V6 бензинец со 207кс.

Деновиве Ferugeot е понуден на продажба за само 50.000 чешки круни (помалку од 2.000 евра), а ниската цена се објаснува со тоа што репликата на Ferrari, за жал, имала незгода.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.