По купето, пристигнува и новата генерација на 911 со отворен покрив

Во ноември месец во Лос Анџелес Porsche ја претстави потполно новата генерација на моделот 911 Carrera.

Во најголемиот калифорниски град дебитираше купе верзијата, а месец и пол подоцна во прилика сме да го претставиме и кабриолетот.

Нормално, дизајнерски сличен на купето, моделот со склопив мек кров има одредени унапредувања во однос на својот претходник, кога станува збор за брзината на спуштањето/подигањето на платнениот покрив на кабината.

Двата процеси траат околу 12 секунди, а кровот може да се подигне или спушти и во возење до 50 км/ч.

Кога платнениот покрив е спуштен, се активира дефлектор за да се намали струењето на воздухот низ кабината, а возењето да биде попријатно.

На почетокот на продажбата на новиот 911 Cabriolet, Porsche ќе го нуди само во верзиите Carrera S и Carrera 4S.

Двата модели се опремени со 3.0-литарски twin-turbo агрегат со 6 цилиндри, кој испорачува 450 кс и располага со максимален вртежен момент од 530 Нм.

Моторот е поврзан со нов 8-брзински менувач со двојно квачило, благодарение на што од место до брзина од 100 км/ч Carrera S забрзува за 3,7 секунди и постигнува максимална брзина од 306 км/ч. Carrera 4S со погон на сите четири тркала до стотка пристигнува за 3,6 секунди и не застанува до максималните 304 км/ч.

Цената на Porsche 911 Carrera S Cabriolet во САД стартува од 126.100 долари, а 4S чини од 133.400 американски зелени банкноти.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.