Од Toyotа потврдија дека ја разгледуваат новата Suprа во кабрио издание

Веднаш по промоцијата на новата Toyotа Suprа се појавија неофицијални рендери на „топлес“ варијанта, кои јасно покажуваат што можеме да очекуваме од евентуалната кабрио верзија со мек склопив покрив.

Неодамна од Toyotа потврдија дека ја разгледуваат новата Suprа во кабрио издание, напоменувајќи дека конечната одлука сепак не е донесена.

Тука мораме да наведеме дека блискиот роднина на Toyota Supra, BMW Z4, е веќе претставен во форма на роудстер, па доаѓањето на Suprа Cabrio не би било големо изненадување.

Во секој случај и Supra „топлес“ би бил автомобил со напред сместен 3.0-литарски 6-цилиндраш со 340 кс, 8-степен автоматик, заден погон, но и повисока цена во однос на купе варијантата која во САД стартува од 50.000 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.