Гест со кој му се одава почит како на еден од најдобрите раководители во автомобилизмот на сите времиња

Sergio Marchionne е прогласен за Личност на годината во автоиндустријата, со што уште еднаш му се одава почит како на еден од најдобрите раководители во автомобилизмот на сите времиња.

Осумдесет членови на жирито од 24 земји, кои го одбираа овогодинешниот Светски автомобил на годината, имаа задача помеѓу бројни директори и менаџери да ја одберат и Личноста на годината во автоиндустријата.

Во оваа конкуренција, помеѓу останатите, беше номиниран и човекот кој го спаси Fiat од пропаст – Серџо Маркионе, со кого останатите едноставно немаа шанси.

Маркионе кумуваше и на одлуката за фузија на Fiat и Chrysler и со ова стратешко партнерство обезбеди иднина за италијанскиот бренд, а ќе спомнеме дека паралелно се бавеше и со Ferrari.

Наградата во име на преминатиот Серџо ја прими неговиот наследник, сегашниот шеф на FCA концернот, Мајк Менли.

„Тој беше едноставен човек и преферираше да биде целосно посветен на компанијата, која ја водеше 14 години и создаваше раководство, кое ќе го носи неговото наследство“, рече Менли.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.