Придвижуван е од култниот S38B36 3.6-литарски шестак од 315 кс, што му обезбедува забрзување до 100 км/ч за 6,3 секунди

Сите ентузијасти кои го пратат пазарот на модерни класици веднаш ќе го приметат ова фантастично очувано BMW M5 E34 од 1990 година, со само 50.000 изминати километри.

Придвижувано е од култниот S38B36 реден 3.6-литарски шестак од 315 кс, што му обезбедува забрзување до 100 км/ч за 6,3 секунди.

На некого можеби комбинацијата на црвен екстериер и сива внатрешност ќе му изгледа необично за една баварска машина со M Power ознака, но токму во тоа е неговиот шарм.

Продавачот вели дека возилото е фантастично сочувано и што е уште побитно е во потполно оригинална состојба, а се продава на американската страница Classic Driver, по цена од 55.000 долари.

Со обѕир на тоа во каква состојба е ова 1990 BMW M5 E34 и со каква километража, цената е оправдана, бидејќи станува збор за редок модел, а цената ќе му расте затоа што се работи за последен рачно сложен М модел.

Од дополнителната опрема тука е Executive Seating пакетот, а возилото доаѓа со сите оригинални документи, уредна сервисна книшка, алат и резервно тркало.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.