Купувачот поднел тужба – разврска на суд

Познатиот комичар Џери Сеинфелд се пропагира себеси како голем љубител на автомобил, а сега токму заради нив се наоѓа во големи проблеми.

Имено, против него е поднесена пријава во која се обвинува дека неговото Porsche 356 A 1500 GS/GT Carrera Speedster од 1958 година е – лажно.

Посоченото возило Сеинфелд го продал на аукција, а новиот сопственик, компанијата Fica Frio Limited, тогаш за него кеширала 1,54 милиони долари.

Деновиве Сеинфелд го дочекало непријатно изненадување кога адвокатскиот тим на споменатата компанија против него поднело тужба.

Како пишува Fox News, целата приказна започнала и порано кога комичарот бил усно обвинет дека возилото кое го продал е лажно. Од тимот на Сеинфелд велат дека комичарот се обидел да ја изглади работата и дека е подготвен за соработка.

Џери се интересирал како е откриено дека возилото не е автентично, бидејќи пред сето ова тој платил голема сума пари за да стане сопственик.

„Мојот тим за анализа во време на купувањето не пронајде ништо сомнително“, изјави Џери.

Сепак, работите ќе се решават на суд.

Со обзир на подготвеноста на обвинетиот за соработка, веруваме дека двете страни ќе најдат компромис, а актерот во иднина ќе мора да вработи нови, постручни лица за проценка на вредноста и автентичноста на своите автомобили.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.