Општата оценка на сите вистински автоентузијасти дека со електрификацијата на автомобилите почна да се оди во спротивна крајност и да се претерува

Додека Ford вредно работи на електричен кросовер, инспириран од моделот Mustang (најверојатно ќе се вика Mach 1 Crossover), на луѓето од компанија наречена Charge им истекна „брилијантна“ идеја да направат класичен Mustang со електричен погонски склоп.

Start up компанија од Велика Британија Charge одлучила да тргне со електрифицирање на американски класици. Прв во редот е Ford Mustang, а се надеваме и последен.

Секако, шасијата на ова возило е нова, изработена по лиценца, а тука е и погонот на сите четири тркала.

Планот е амбизиозен – производство на 499 единици на електричен Mustang, кој ќе има електромотор со сила од 300 kW (408кс) и кој ќе му овозможи на „Понито“ да галопира до стотка за само 3 секунди.

Дометот е катастрофален – само 200 километри, а исто така и цената – 230.000 евра. Општата оценка на сите вистински автоентузијасти дека со електрификацијата на автомобилите почна да се оди во спротивна крајност и да се претерува.

Класиката е најдобро да се остави таква каква што е, без обзир на потрошувачката на гориво и на преценетата тема загадување.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.