Peugeot 508 добива верзија со продолжено меѓуоскино растојание, која ќе се продава на кинескиот пазар

Како и за многу други европски и светски произведувачи, Кина е и за Peugeot многу важен пазар.

Францускиот лав не сака да заостане зад останатите авто компании, кои за огромниот кинески пазар изработуваат специјални верзии на своите лимузини со продолжено растојание помеѓу оските и поголем простор за патниците во кабината.

На фотографиите објавени на Worldscoop форумот се гледа нова верзија на пред-продукциски Peugeot 508.

Додека предниот дел не се разликува од европската верзија, приметуваме продолжени странични прозорци на задните врати и наместо петата врата, класично отворање на багажникот.

За сега не е познато дали ова возило ќе го задржи називот кое го носи во Европа или ќе добие нова номенклатура, а се шпекулира дека би можело да носи ознака 608.

Продолжениот 508 ќе се појави во продажба следната година со некои од моторите достапни на европските 508 и 508 SW.

Да се потсетиме, понудата на погонските единици на европскиот пазар за Peugeot 508 се состои од палета на бензински и дизел агрегати со распон од 1.5 до 2.0 литри, додека силата се движи од 130 до 225 коњски сили.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.