„Супер лимузина со карактер на Формула 1“, „M5 killer“, „Брутален ѕвер од Хетел“, „Фамилијарна Формула 1“ беа само дел од насловите

Брутално снажен, агресивен и дрзок со широки пневматици, спојлери, шкрги и спортски проширувања по целата каросерија, Lotus Omega пред точно 30 години на Автосалонот во Женева буквално ги фрли во транс сите присутни, а струката веднаш овој Super Opel го прогласи за ѕвезда на изложбата.

„Супер лимузина со карактер на Формула 1“, „M5 killer“, „Брутален ѕвер од Хетел“, „Фамилијарна Формула 1“ беа само дел од насловите посветени на овој легендарен модел, а новинарите се натпреваруваа кој ќе му надене помоќен епитет на овој Opel со „final touch“ на Lotus.

Така беше родена ѕвездата, легендарниот Lotus Omega, кој по настапот и перформансите, беше на многу повисоко ниво од еден Mercedes E500, BMW M5, па дури и Maserati Quattroporte.

Што е тоа што е толку посебно кај овој автомобил?

Да тргнеме по ред – како база е земен Opel Оmega 3000, кој инженерите на Lotus со темелни преработки ја претвориле во жестока лимузина со високи перформанси. Лимузинскиот монструм, специјалната Opel Omegа пукала од сила и своевремено се закитила и со титулата Најбрзата лимузина на светот.

При крајот на 80-те сила од 382 кс и 557 Нм била нешто невидено во ваков тип на автомобил, а пакетот со екстремниот боди кит јасно давал до знаење дека Opel Lotus Omega е навистина нешто посебно.

За сето наведено сведочат и перформансите: од 0 до 100км/ч за 5,2 секунди, од 100 до 200 км/ч за 12 секунди и најголема брзина од 282 км/ч.

Преполна со рафинирани решенија оваа Omega имала и 6-степен рачен ZF менувач, позајмен од Corvette ZR-1, кој бил вистинско инженерско чудо, бидејќи осигурувал искористеност на вртежен момент од неверојатни 100% и силата проектирана од моќниот агрегат врз задната осовина, додека затворачот на задниот диференцијал бил позајмен од Holden Commodore V8.

Она заради што оваа легенда е посебно интересна, покрај жестоките перформанси, е фактот што се изработени само 907 единици на овој супер Opel, заради што цената од година в година вртоглаво му расте.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.