Европскиот Автомобил на годината 1969 го красеа дизајн на Пининфарина, француски комфор и неуништливост

Легендарниот модел Peugeot 504 (1968 – 1983) на Францускиот лав е претставен како класична лимузина во 1968 година во Париз, а по него следуваа и прекрасните купе и кабрио верзии, сите создадени од мајсторската дизајнерска куќа Пининфарина.

Иако злите јазици го напаѓаа дека е конзервативен, им пречеше задниот погон и тоа што нема модерна пета врата, 504 ја освои публиката и ги воодушеви новинарите во толкава мерка што го закитија со титулата Европски автомобил на годината 1969.

Познатата робусност на Peugeot овој модел го направи популарен во земји со неквалитетни патишта, а таквите преовладуваат на планетава. Во Кина производството на 504 пикап заврши дури во 2008 година, а истите масовно се возат и денес.

Основниот мотор беше 1.8 со 80кс, изведеница од моделот 404, а перформансите за тоа време беа доста солидни – максимална брзина 156км/ч и забрзување за 14,8 секунди.

Веќе од старт Peugeot ги понуди импресивниот кабриолет и прекрасното купе, со Injection агрегат со 97кс, од 1971 година со 112кс, а врвната понуда беше славниот Douvrin V6 мотор.

Иако Peugeot 504 беше замислен како наследник на моделот 404, вториот паралелно продолжи да се произведува се до 1975 година, додека 504 производната кариера во Франција ја заврши во 1983 година, со повеќе од 3 милиони произведени единици.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.