Ferrari направи многу легендарни модели, но само неколку од нив освоија толку многу симпатии како Dino

Во својата седум децении долга славна историја Ferrari направи многу легендарни модели, но само неколку од нив освоија толку многу симпатии како Dino, лансиран пред 50 години.

Легендарниот модел на Ferrari го доби името по Дино, прерано починатиот син на Енцо Ферари.

Возилото официјално е претставено во 1968 година, оригиналната серија ја носеше ознаката 206 GT, по што следеа унапредените верзии 246 GT и GTS.

Во 1973 година се појави моделот 308 GT4, со потполно изменет дизајн, потпишан од Bertone.

Интересен е фактот што сите возила изработени до 1976 година ја носеа само ознаката Dino на каросеријата, а подоцнежните примероци се брендирани како Ferrari.

По повод половина век на овој легендарен автомобил, во Маранело на 30 јуни се собраа околу 150 горди сопственици на Dino со своите возила.

По посетата на фабричкиот музеј и турата по фабриката, одржана е и парада на возилата на Ferrari патеката Фиорано.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.