Култниот BMW 2002 (1968 – 1975) беше еден од највпечатливите модели кои се појавија на нашите простори

Култниот BMW 2002 (1968 – 1975) беше еден од највпечатливите модели кои се појавија на нашите простори.

Често почестен со епитетот спортски автомобил, 2002 беше татко на серијата 3 и еден од трите модели кои баварската фирма ја поставија на цврсти нозе и на брендот му обезбедија сигурна иднина.

Само што првата серија на Е10 стана хит на почетокот на 1968 година, претставена беше и поснажна верзија – 2002 со 100 кс при 5500в/мин и 157 Нм.

Станува збор за одличен автомобил, кој по фабричките податоци, до стотка забрзувал за 10,9 секунди и постигнувал 170км/ч.

Просечната потрошувачка од 11 литри на 100 километри изминат пат за такво возило и во тоа време било солиден резултат.

BMW 2002 бил исклучително управлив, темпераментен и стабилен автомобил, помеѓу останатото и заради тоа што позади имал независно ослонување, а не камионски крут мост, како повеќето автомобили од таа ера.

Спортскиот дух е нагласен и кај вратите кои немаат рамки на стаклата.

Во Германија оваа верзија на BMW 2002 чинела 12.300 тогашни германски марки.

Потоа се појавил 2002 ti (touring international) верзија со 120 коњски сили, а на барање на купувачите на почетокот на 1971 година воведен е и меѓумодел со 1766 ccm и 90 кс, кој забрзувал до стотка за 11,8 секунди и не застанувал до максималните 165 км/ч.

Тогаш интересните округли задни светлосни единици биле заменети со трендовски правоаголни, а ознаката 02 станала заштитен знак за сите модели од серијата, па 1600 станува 1602.

Таа година пристигнал и највозбудливиот модел 2002 tii со 130 кс. Третата буква е кратенка од injection, а моделот користел механичко Kugelfischer вбризгување (Schäfer пумпа).

Во 1973 доаѓа и јаготка на шлагот – 2002 turbo, кој заедно со Kugelfischer имал и ККК турбо полнач, па силата му порасна на 170 кс.

До 100км/ч овој модел забрзувал за 7,2 секунди и постигнувал максимална брзина од 212 км/ч.

Едноставниот кокпит со три кружни инструменти, вклучувајќи и обртомер што во тоа време беше напредна опција, е пример за спортска функционалност.

Прецизниот менувач имал четири степени, во ti и tii верзиите пет.

BMW 2002 бил исклучително успешен во мотор спортот, особено во класата на туристички автомобили, а за спортските преработки беа задолжени Alpina, Schnitzler, Koepchen, GS-Tuning и Baur.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.