Lamborghini Polo Storico ќе одбележи 50 години на моделите Espada и Islero со нивна реставрација, за потоа да бидат изложени во нивниот музеј

Lamborghini Espada е првиот сериски четворосед во историјата на овој славен произведувач. За десет години производство продадени се 1.226 примероци, што е за „Ламбо“ одлична бројка.

Карактеристичните линии на Espadа се дело на Марсело Гандини за Carrozzeriа Bertone.
Espada се произведуваше во три серии – Series I е произведена во 176 примероци, Series II достигнала 578 единици, додека Series III имала 472 автомобили.

Возилата беа опремувани со V12 4.0-литарски агрегат со сила од 325 до 350кс, во зависност од серијата и техничките спецификации, а максималната брзина која Espada ја постигнуваше изнесува 245км/ч.

Ова е прво Lamborghini, кое на барање, можеше да се добие и со автоматски менувач.

Lamborghini Islero е многу редок модел, произведен во само 225 примероци. Каросеријата ја осмисли Марио Мараци од Carrozzeria Marazzi, со надолжно поставен V12 мотор од 4 литри со сила од 320кс и максимална брзина од 250км/ч.

Се произведуваше од 1968 до 1970 година во две верзии.

Првата верзија на Islero беше базирана врз моделот 400 GT, но со поголеми тркала и втората е Islero S, со сила од 350кс и максимална брзина од 260км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.