Најаеродинамичниот автомобил на светот во своето време и најуспешното спортско купе на 90-те години

Во средината на 80-те години на минатиот век во Opel го започнаа развојот на наследникот на бесмртната Mantа, исклучително успешно и атрактивно купе.

Развојното одделение имало вонредно тешка задача да направи достоен наследник на овој модел, но успеале – наследничката Calibra во седум години производство е произведена во дури 238.647 единици.

Сагата започнува во 1989 година, кога Calibra била претставена во Франкфурт, истакнувајќи се со футуристичкиот дизајн и флуидните линии.

За Opel Calibra се говореше дека станува збор за автомобил кој е пред своето време, а за тоа во прилог одеа и податоците врзани за аеродинамиката.

Имено, Calibra можеше да се пофали со коефициент на воздушен отпор од само 0.26, што претставуваше најдобар резултат на светот во тоа време.

Пазете го сега ова – серво управувач, затемнети стакла, 5-степен рачен менувач и аудио систем со шест звучници доаѓаа во стандардната опрема, што за тоа време беше јака премиум класа.

Со доплата можеа да се нарачаат и некои „шминкерски“ елементи, како што е електричен шибер, а кој сакаше да крстосува и ужива во опуштено возење можеше да одбере опционен 4-степен автоматски менувач.

Под долгиот поклопец на моторот на почетокот се нудеше 2.0-литарски мотор од 115 кс, додека за позахтевните купувачи беше достапна и верзија со 150 кс, со респектабилни 223 км/ч.

Со цена од 33.900 германски марки, претставуваше релативно достапен автомобил од соништата.

Во 1992 година Opel во понудата ја додава и турбо верзијата со сила од 207 кс.

Моделот сериски добива погон на сите тркала, 6-степен рачен менуваќ и 16-инчни алуминиумски фелни.

Максималната брзина од 245 км/ч значи дека Calibra доби параметри во склад со својот атрактивен изглед.

Успехот секако не изостана – Calibra стана најуспешно спортско купе во 90-те години.

Во седум години, колку што се произведуваше, од фабричките хали излегоа дури 238.647 единици.

Најмногу примероци, за жал, завршија во Германија, а производството службено е обуставено во 1997 година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.