Францускиот реномиран произведувач годинава слави 20-годишнина од појавувањето на славниот модел 206 на пазарот

01 peugeot-206-europe-2003

Францускиот реномиран произведувач годинава слави 20-годишнина од појавувањето на славниот модел 206 на пазарот. Колку 206-ката е популарна говори и податокот дека голем број од нив уште весело возат по сообраќајниците ширум светот.

Peugeot не би бил Peugeot, доколку својата годишнина не ја одбележи на допадлив и генијален начин.

2083

Сите се сеќаваме на легендарната реклама за Peugeot 206, снимена во Индија пред 15 години.

Во знак на ова епохално видео, кое ја насмеа целата целата планета и предизвика огромен интерес за францускиот модел, Peugeot одлучи по истиот принцип да сними реклама за 208 GTi.

Голем тим на луѓе е ангажиран на новиот проект, помеѓу останатото и екипата од универзитетот Пуне, Индија, кои биле задолжени за скицирањето на новата скулптура на 208-ката.

Истиот момент кога новиот хит за 208 GTi ќе биде готов, редакцијата на „Високи Октани“ ќе го презентира на својата публика, а во меѓувреме ќе се потсетиме на ова легендарно остварување:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.