Porsche слави една декада од настанувањето на моделот кој и денес наидува на негативни коментари на пуристите

Иако многу луѓе се сомневаа во успехот на овој модел, луксузната спортска лимузина на Porsche го надмина годишниот план од 20.000 произведени единици.

Panamera беше лансирана во април 2009 година, а до денес ширум светот се продадени 235.400 автомобили од двете генерации на овој модел.

Во текот на седумте години производство на првата генерација од фабричките ленти се симнаа 161.700 примероци на Panamerа, по што за неполни 3 години од лансирањето на втората генерација Porsche да продаде 73.700 единици на ова возило.

Германската компанија, во својата 7 децении плодна историја, во повеќе наврати разгледувала можности за производство на еден ваков автомобил.

Идејата била да се направи или класичен четворосед со две врати или класична лимузина со 4 врати, па така уште во 1950 година било развиено возило со 4 седишта, базирано врз моделот 356.

Овој прототип имал ознака Type 530, а се одликувал со подолго меѓуоскино растојание од страндардната верзија на Porsche 356, пошироки врати и повишена кровна конструкција во задниот дел на каросеријата, со цел комфорно сместување на двајца возрасни патници на задната клупа.

Сепак, Type 530 никогаш не влегол во сериско производство.

Следниот обид во овој сегмент се случил во 1980 година, кога инжењерите на Porsche го продолжиле моделот 928. Така настанал прототипот Type 989, како прво купе со 4 врати на овој произведувач.

На крајот, Porsche Panamera официјално била претставена на 19 април 2009 година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.