ABT tuning направи интересна споредба по повод 25 години од моделот Audi RS2, своевремено најбрзиот караван на светот

ABT tuning направи интересна споредба по повод 25 години од моделот Audi RS2, своевремено најбрзиот караван на светот.

Кога во 1994 година на пазарот се појави Audi RS2 беше најбрзиот караван на светот, направен со помош на Porsche – Porsche Cup алу фелни, ретровизори, трепкачи и магленки, кочиони клешти и подвозје позајмени од овој спортски произведувач.

Porsche е виновен и за модификациите на 2.2-литарскиот 5-цилиндраш, кои резултираа со сила од 315 коњски сили.

Сепак, познатата тјунинг куќа одлучила дека ова не е доволно, па така силата на наведениот мотор е зголемена на дури 360 кс, што е импресивна бројка за 25 години стар модел.

Во ABT одлучиле овој јубилеј да го прослават со споредбена фото сесија на легендарниот RS2 и новиот RS4.

Секако и RS4 доби доза на стероиди од ABT. Така, 2.9-литарскиот V6 е засилен за дополнителни 80 кс и 90 Нм, што значи дека сега располага со 530 кс и 690 Нм.

Уживајте во фото галеријата:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.