Заработката во сегментот мали автомобили продолжува да се намалува, па произведувачите размислуваат за гаснење на многу модели

Трендот на опаѓање на побарувачката во „супермини“ сегментот е посебно присутен во Европа, каде во 2017 година овие возила учествувале само со 8 отсто од вкупниот пазарен удел.

Згора на ова, произведувачите се потешко извлекуваат профит од продажбата на мали автомобили, помеѓу останатото и заради се построгите правила за емисијата на штетните гасови и побарувачката за нова технологија.

Како пренесуваат европските медиуми, групациите PSA и Volkswagen изразија несигурност во врска со овој сегмент.

За да ги исполни новите норми за емисија на гасови, Volkswagen би морал да ја зголеми цената на својот најмал модел Up! за дури 3.500 евра.

„Не сум сигурен колку од купувачите и понатаму би можеле да си ги приуштат овие модели со таа цена“, рече Херберт Дис, директорот на Volkswagen Групацијата.

Од PSA Групацијата најавуваат дека наскоро би можеле да престанат да ги произведуваат своите мали модели Peugeot 108 и Citroen C1.

„Способноста на произведувачите да остварат профит во тој сегмент е под притисок заради бројната технологија, која мораме да ја додадеме“, се пожали оперативниот директор на PSA за Европа, Максим Писат.

Сегментот на малите автомобили би можел да остане без својот главен адут – пристапноста, а најавата на некои „стручњаци“ дека електрификацијата би можела да ја препороди оваа класа, ја демантираа од VW, со образложение дека ниту тоа не е исплатливо.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.