Удобен, стабилен, динамичен и забавен за возење, крие многу повеќе од што прикажува на прв поглед, па зад воланот посакувате да останете што подолго

01 Clipboard

Новиот Peugeot 308 е атрактивен автомобил со спортски, допадливи, но не и „препотентни“ линии.

Дизајнот е модерен и оригинален, но и умерен истовремено, како во Peugeot да планирале да понудат модел кој ќе биде сакан од сите генерации.

20171121_125210_HDR_Darkroom

Освежениот 308 од втората генерација сега има нов корпоративен грил, кој дебитираше на поранешното издание на GTi, а формата на браниците е „позајмена“ од моделот 3008.

Нови се и хаубата и лед потписите на предната светлосна група.

20171121_125007_HDR_Darkroom

Задните светлосни единици се фино стилизирани во облик на лавја канџа, сега вклучени деноноќно.

Новиот Peugeot 308 може лесно да се препознае гледано во профил – нов е дизајнот на алу фелните, а капакот на резервоарот сега е четвртаст.

20171120_125533_HDR

Новата 308-ка буквално ги фрла во очај инженерите на конкурентските брендови, бидејќи е за класа подобар автомобил во сите сегменти.

Попрецизно, никој во сегментот нема така добро избалансирано потпирање, толку штедливи, тивки и угладени мотори, толку добро погоден и прецизен менувач, толку добри светлосни единици и одлична звучна изолација.

20171120_125702_HDR_DarkroomПрогресивниот серво управувач е исклучително лесен и при досадно маневрирање, а кога на патот достигнуваме (недозволени) брзини, станува многу подиректен, покрут и поцврст и на возачот му пренесува прецизни информации што точно се случува под тркалата.

„Францускиот џентлмен“ импресионира кога возите по автопат, а штоперицата покажува дека се работи за релативно брз автомобил.

20171120_125728_HDR_Darkroom

Peugeot 308 1.6 BlueHDi до брзина од 100км/ч пристигнува за 11 секунди, а доколку машки го нагазите тогаш стигнува до брзина од 190км/ч, при што останува доволно мирен и безбеден и за подолго „бркање“ со максимални брзини.

20171121_125234_HDR

Кога на погоре опишаното, заедно со агилниот и динамичниот BlueHDi мотор, ќе се додаде малиот спортски управувач стручно наместен на дното, тогаш добиваме навистина забавен автомобил, кој своите вистински вредности и квалитети ги покажува не само на отворен пат, туку и на планински асфалт со многу кривини.

20171121_125302_HDR_Darkroom

Таму каде што другите возачи го ослободуваат акцелераторот, ова Peugeot може да се вози со полн гас, бидејќи француските инженери чудесно добро го имаат наместено подвозјето.

Компактот на Peugeot е удобен, стабилен, динамичен и многу ефикасен во апсорбирање на нерамнини од асфалтот.

20171121_125455_HDR_Darkroom

Зад воланот на овој автомобил посакувате да останете што подолго, а кога ќе налетате на колотраг, дупка или поголема закрпа на патот, нема да бидете фрустрирани бидејќи возилото само нежно ќе „заигра“, под целосна контрола на возачот.

20171121_125522_HDR_Darkroom

Peugeot 308 има и најкраток сопирачки пат во класата.

При брзина од 100км/ч, 308-ката максимално натоварена сопира за 35,5 метри, што е за цел метар поефикасно од најдобриот германски автомобил – Golf VII.

20171121_125549_HDR_Darkroom

Потребно е да го споредиме и со новата Mercedes А класа, која ја победува во сите сегменти.

Активната безбедност на овој модел е исто така на завидно високо ниво, освојувајќи одлични 92% поени од максималниот број 100 на Euro NCAP креш тестот.

20171122_142228_HDR_Darkroom

Ентериерот на Peugeot 308 е нешто посебно, во него е многу тешко да се набројат повеќе од неколку копчиња и прекинувачи.

Кокпитот е многу чист и пречистен од прекинувачи, кои се сега на touch екранот од 7 инчи.

20171122_142254_HDR_Darkroom

На него се и командите за двозонскиот клима уред, мултимедијата и се она што модерен infotainment систем треба да содржи.

Зад малиот волан се високо поставени инструментите со црна позадина, бели броеви и црвени стрелки, кои изгледаат многу спортски.

20171122_142405_HDR_Darkroom

Во средината е поставен екран со дигитален приказ на брзината, изминатите километри и степенот на пренос во кој се наоѓа менувачот.

Материјалите употребени во ентериерот се меки на допир и од врвен квалитет, а изработката е над сите очекувања.

20171122_142433_HDR_Darkroom

Седиштата се удобни и простор има во сите насоки, ги испробавме возејќи подолго и потоа го напуштивме возилото без замор.

Ова Peugeot може да се опише како вистински „џентлменски автомобил“, кој крие многу повеќе од што прикажува на прв поглед.

20171122_142709_HDR_Darkroom

Кој го/ќе го има ќе биде многу пријатно изненаден колку инженерите на „Францускиот лав“ напредувале и колку навистина е оправдана титулата на Автомобил на годината 2014.

20171122_142838_HDR_Darkroom

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.