Низ минатите десетлетија светот на автомобилите памети бројни модели кои потфрлија по прашањето на дизајнот, а така е и денес

Fiat Multipla

Низ минатите десетлетија светот на автомобилите памети бројни модели кои потфрлија по прашањето на дизајнот, колку и да биле добри под каросеријата, а така е и денес.

Иако овие десет креации на некои ентузијасти можеби им се допаѓаат, бидејќи се „поинакви од другите“, сепак сите се рангирани како дизајнерски и концептуални промашувања.

10. Bentley Bentayga

Bentley Bentayga

Првиот SUV на Bentley настана врз основата на Audi Q7, со чудно име Bentayga. Дизајнерските насоки ги влече од концептот EXP 9 F, кој не собра позитивни критики, па истото се случува и со сериската изведба.

9. Nissan Micra CC

Nissan Micra CC

Успехот на Peugeot 206 Coupe Cabriolet беше поттик и за другите произведувачи да се обидат да го направат истото. Иако за кабриото на Nissan беше ангажиран Karmann, успехот изостана заради лошиот дизајн.

8. Mini Paceman

Mini Paceman

Врз темелите на брендот Mini, BMW се труди да изгради широка гама на модели што е легитимно, но по се судејќи ова возило се покажа како непотребен експеримент.

7. Jeep Cherokee

Jeep Cherokee

Докажано способен и квалитетен SUV со култно име, би можел да стане продажна жртва на сопствениот изглед. Дизајнот на Големиот поглавица, кој од секогаш беше ценет од страна на традиционалистите, ненавикнати на дизајнерски испади, не падна на плодно толо.

6. Ford Scorpio

Ford Scorpio

Кога станува збор за несреќното Scorpio од втората генерација (1994-1998), тогаш мораме да наведеме дека познатите новинари просто се натпреваруваа меѓу себе кој повеќе ќе го навреди ова кутро возило. Џереми Кларксон рече дека Scorpio е сигурно најгрдиот автомобил на патиштата, додека Квентин Вилсон изјави дека неговиот дизајн е како да го цртале Реј Чарлс или Стиви Вондер.

5. Daewoo Tacuma

Daewoo Tacuma

Фамилијарниот компактен моноволумен требаше во 2000 година требаше да биде одговор на Renault Megane Scenic, но иако за дизајнот на каросеријата беше задолжено студиото на Pininfarina, возилото беше апсолутно промашување.

4. Subaru B9 Tribeca

Subaru B9 Tribeca

Јапонски SUV, кој се произведуваше од 2005 до 2014 година за американскиот пазар, својот „живот“ го започна како модел со необичен преден крај, а со редизајнот стана mainstream SUV, но без успех.

3. Mercedes R класа

Mercedes R

Контејнер на тркала се трите збора со кои најчесто се опишува R класата на Mercedes.

2. Ssangyong Rodius

Ssangyong Rodius

Секаков опис на каросеријата на ова возило е непотребен, бидејќи Rodius изгледа како да е од некоја друга планета. Не помогнаа ни Mercedes агрегатите под хаубата.

1. Fiat Multipla

Fiat Multipla2

По многу избори, специјализирани списанија и општо автомобилската публика, моноволуменот на Fiat направен за шест патници е најгрдиот автомобил на сите времиња. На Италијаните треба да им се честита за храброста, бидејќи никој друг не би имал „три чисти“ вакво нешто да пушти на асфалт.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.