Врз основа на сведоштва и мислење на дури 14.000 сопственици направена е листа на најнедоверливи автомобили на светот

Британскиот портал What Car, врз основ на мислење на дури 14.000 сопственици на автомобили, направи листа на најнедоверливи автомобили.

Во опсежната анкета возачите одговараа на прашања во врска со доверливоста на нивните возила во последните 12 месеци. Само една третина од нив изјави дека имале само еден проблем во тој период, додека останатите имале многу повеќе.

Врз основ на собраните податоци направена е листа која содржи 169 модели од 33 бренда.

Ова е ТОП 10 листата на најнедоверливите автомобили:

10. Mercedes-Benz B класа (резултат 46,2%)

Нешто преку 35 отсто од сопствениците на овој модел пријавиле дека имаат проблем. Заради овие проблеми возилата биле и повеќе од една недела во сервисите.

9. Mercedes-Benz E класа (резултат 46,1%)

Најновата генерација на Е класата помина полошо од претходната. Скоро четвртина од сопствениците се пожалиле на некој дефект, а најчесто имале проблеми со електрониката.

8. Nissan Qashqai дизел верзија (резултат 44,2%)

Скоро половина од Qashqai дизелашите имале проблем, а најчестите дефекти (24%) се поврзани со непогонската електроника, како што е навигацијата, инфо-забавниот систем и клима уредот.

7. Land Rover Discovery Sport дизел верзија (резултат 43,8%)

Повеќе од 40 отсто од сопствениците на Land Rover Discovery Sport дизелашите пријавиле проблеми. Најчесто се жалеле на каросеријата и внатрешноста, но имало проблеми и со мотор и непогонската електроника.

6. Jeep Renegade (резултат 42,1%)

Колку што овој SUV изгледа цврсто, толку е во реалноста тотален опозит. Од произведените единици скоро 43% имале некој дефект, а и посериозни проблеми со моторот, погонската електроника и сопирачкиот систем.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.