Врз основа на сведоштва и мислење на дури 14.000 сопственици направена е листа на најнедоверливи автомобили на светот

Британскиот портал What Car, врз основ на мислење на дури 14.000 сопственици на автомобили, направи листа на најнедоверливи автомобили.

Во опсежната анкета возачите одговараа на прашања во врска со доверливоста на нивните возила во последните 12 месеци. Само една третина од нив изјави дека имале само еден проблем во тој период, додека останатите имале многу повеќе.

Врз основ на собраните податоци направена е листа која содржи 169 модели од 33 бренда.

Ова е вториот дел на ТОП 10 листата на најнедоверливите автомобили:

5. Jaguar XE (Резултат 36,7%)

Дизел верзијата се покажа многу недоверлива и дури 44 отсто од сопствениците не се задоволни. Најчести проблеми се со непогонската електроника, но и со каросеријата, моторот, системот за гориво, управувањето и навалувањето.

4. Fiat 500X (Резултат 32,3%)

Повеќе од третина од сопствениците имале проблем со овој модел и тоа највеќе со каросеријата и електрониката. Се е поправено во гаранциските рамки, но повеќето возила морале барем едно деноноќие да поминат во сервис.

3. Nissan Qashqai бензинска верзија (Резултат 28,9%)

Nissan Qashqai дефинитивно не се покажа како доверлив SUV, овој пат е во прашање бензинската верзија. Проблеми пријавиле дури 56% сопственици, а најголемите проблеми биле со акумулаторот, каросеријата и непогонската електроника.

2. “Volvo XC90 (Резултат 22,6%)

Дури 53% сопственици на најголемиот SUV на Volvo имале притужби. Во повеќето случаи биле проблеми врзани со непогонската електроника и софтвер и не биле решавани со едно одење „на мајстор“.

1. Range Rover Sport дизел верзија (Резултат 14,5%)

Катастрофален резултат за премиум моделот Range Rover Sport – дури 60% од сопствениците имале проблеми. Луѓето се жалеле највеќе на менувачот, погонот, моторот и навалувањето. Некои единици поминале и повеќе од недела дена во сервис, а гаранцијата не ги покрила сите трошоци.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.