Погледнете ја најновата листа на 10 најскапи класични автомобили на сите времиња продадени со аукциско наддавање

Цените на колекционерските класични автомобили и понатаму растат од година во година, што најдобро се гледа и од најновата листа на најскапите десет, споредена со онаа од 2014 година.

На „најскапата“ топ 10 листа од јуни 2014 година на позицијата број 1 беше Mercedes-Benz W196 од 1954 година, со цена од 29,7 милиони долари, додека истиот модел сега е на третото место.

Исто така, на позицијата број 10 пред 4 години се наоѓаше 1961 Ferrari 250 GT California Spyder со цена од 10,9 милиони долари, додека 2018 на тоа место е повторно Ferrari, но овој модел чини дури 18,5 милиони $.

Погледнете ја најновата листа на 10 најскапи класични автомобили на која, како и во 2014 година, доминираат моделите на Ferrari:

10. Ferrari 250 GT SWB California Spider од 1961 за 18,5 милиони $ (продаден 2015)

9. Alfa Romeo 8C 2900 B Lungo Spider од 1939 за 19,8 милиони $ (продаден 2016)

8. Jaguar D-Type од 1955 за 21,8 милиони $ (продаден 2016)

7. Aston Martin DBR1 од 1956 за 22,5 милиони $ (продаден 2017)

6. Ferrari 275 GTB/C Speciale од 1964 за 26,4 милиони $ (продаден 2014)

5. Ferrari 275 GTB/4 S NART Spider од 1967 за 27,5 милиони $ (продаден 2013)

4. Ferrari 290 MM од 1956 за 28 милиони $ (продаден 2015)

3. Mercedes-Benz W196 од 1954 за 29,7 милиони $ (продаден 2013)

2. Ferrari 335 S од 1957 за 35,7 милиони $ (продаден 2016)

1. Ferrari 250 GTO од 1962 за 38,1 милиони $ (продаден во август 2014)

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.