Да ги разгледаме најдобрите и најлошите 5

Иако современите автомобили сами пружаат информации уште колку километри може да се помине со преостанатото гориво во резервоарот, тие податоци често не се точни, па на возачот му се потребни дополнителни информации.

Токму со оваа проблематика се позабави екипата на сајтот Compare The Market, тестирајќи 96 модели на автомобили од 26 различни произведувачи, за да утврди кое возило има најголема автономија на „резерва“ и врз основ на тоа направен е и просек за секој произведувач.

Тука е и ТОП 5 листата на најдобри и најлоши брендови, кога е во прашање возење со „запалена сијаличка“, со издвоен модел кој најмногу се истакнува.

Да ги разгледаме најдобрите 5:

BMW – Во првите 5 е популарниот премиум од Баварија, чии возила оствариле просечна автономија возејќи на резерва 87,3 километри. Најдобра е Серија 5 со 110 километри.

Volkswagen – На четвртото место е гигантот од Волфсбург со просек од 87,6 км, а најголема автономија има Passat, кој изминува 120 километри.

Lexus – Третото место неочекувано го зазеде премиум подбрендот на Toyotа. Помеѓу останатите, RX може да измине 88,4 км со горивото преостанато на резерва.

Ford – Со овие возила можете во просек да изминете 88,4 километри на резерва, а најдоверлив автомобил е Mondeo со домет од 112 километри.

Volvo – Просечната километража на автомобилите на шведскиот произведувач на резерва е 94,7 километри, а најголема автономија од моделите има V40 со 113 изминати километри.

Од друга страна, најлошите пет се KIA, Mitsubishi, Porsche, FIAT и MINI.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.