Изборот на фамилијарните автомобили никогаш не бил поразновиден од денес, а моделите се во сите облици и големини

 

Најпопуларниот британски сајт за продажба на автомобили AutoTrader направи листа на пет најдобри фамилијарни автомобили во Европа. Изборот на фамилијарните автомобили никогаш не бил поразновиден од денес, а моделите се во сите облици и големини.

Така изгледа и AutoTrader топ 5 листата – од градски кросовери до SUV модели со седум седишта, а фокусот е на долготрајноста, практичноста, доверливоста, трошоците за одржување, но и на буџетот на купувачот.

На петата позиција е Renault Captur, поткомпактен SUV базиран врз малиот Clio, со малку поголема каросерија и клиренс.

Следниот на листата е импресивниот Peugeot 3008. Автомобил кој го привлекува вниманието каде и да се појави со својата грандиозност и маркантен изглед, а освен тоа и со комфорот и практичноста. Една од неговите најдобри страни е што од MVP прерасна во „фанки“ SUV.

На оваа листа понатаму се Škoda Superb и Kodiaq со место за седум патници. Меѓутоа, „победник“ на овој избор е возило, за кое сме сигурни дека никој би типувал на него, а за изненадувањето да биде целосно и да дознаете кое е, ќе морате да го погледнете видео прилогот:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.