Од време на време одредени брендови креираат „Формула 1“ болиди со дополнително седиште или два, како во случајов

Од време на време одредени брендови креираат „Формула 1“ болиди со дополнително седиште или два, како во случајов.

Понудени од страна на Heritage куќата, на RaceCarsDirect аукцијата по цена од 595.000 евра ни доаѓаат дури два примероци на неверојатниот модел на Arrows AX3, креирани од Arrows Grand Prix International.

„Arrows AX3 моделот е дизајниран со цел да им го приближи на луѓето искуството кое возачите на Ф1 болидите го имаат при тркањето во самиот кокпит“, изјави главниот инженер при лансирањето на овие болиди.

„Многу се пишува за забрзувањето, Ге силите и сопирачките можности на овие тркачки болиди, но сега ние можеме да им пружиме на луѓето шанса да го осетат сето она што се случува при самото возење.“

Двете единици поседуваат Hart V10 мотори и се што имаа и останатите болиди во „Формула 1“ на почетокот на веков, кога се и изработени. Најбитната разлика е што поседуваат плус две седишта.

Патниците или копилотите, како сакате, имаат комплетен увид во патеката, истовремено уживајќи во неверојатните перформанси на grand-prix моделот.

Ова е единствена прилика во животот, која не може за жал, секој од нас да ја доживее.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.