Темата на оваа статија е ексклузивен уникат, еден од најубавите модели на Ferrari на сите времиња

Кога станува збор за автомобилското колекционерство, посебно внимание привлекуваат раритетните уникатни модели, кои често покрај ексклузивноста имаат и богата историја.

Таквите модели се исклучително барани и постигнуваат астрономски цени при продажба.

Темата на оваа сторија е ексклузивен уникат, еден од најубавите модели на Ferrari на сите времиња – Ferrari 599 GTZ Nibbio Zagato.

Како подлога за овој дијамант на тркала е искористен Ferrari 599 GTB, кој подоцна е преуреден од страна на италијанската угледна дизајнерска куќа Zagato.

Работата да биде уште подобра, возилото е произведено 2007 година, но преработката е одработена дури 2017.

Постојат шест слични модели на овој, но овој сепак е уникатен бидејќи станува збор за единствен примерок со 6-степен рачен менувач.

Под капакот се наоѓа сериски 6.0-литарски V12 со сила од 620 кс.

Екстериерот е комплетно изменет, а познавачите на делото на Zagatо веднаш ќе ги препознаат карактеристичните елементи и линии на оваа дизајнерска куќа.

Заедно со елеганцијата, дополнителна нота на луксузот дава и двобојната каросерија и мора да се признае дека темно сина бела комбинација одлично му стои.

Уникатното Ferrari се наоѓа во Tomini Gallery во Дубаи, а доколку потенцијалниот купувач ќе посака да го увезе во САД или Европа, ќе има дополнителни трошоци за транспорт и данок, па цената ќе биде многу поголема од 1,32 милиони евра.

Но, ние сме сигурни дека тоа нема да претставува голем проблем за вакво возило, особено ако падне во вистински колекционерски раце.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.