MB потврди дека производството на SLC ќе престане годинава и за жал нема да добие наследник, а со самото тоа последните специјални изданија се особено важни

Mercedes-Benz потврди дека производството на моделот SLC ќе престане годинава и за жал нема да добие наследник, а со самото тоа последните специјални изданија се особено важни.

Пред нас е Mercedes SLC Final Edition, кој следниот месец ќе можат да го видат посетителите на женевскиот Автосалон, а на купувачите ќе им биде на располагање во следните верзии: SLC 180, SLC 200, SLC 300 и SLC 43 AMG.

Верзиите SLC 180 и SLC 200 имаат 6-степен мануелен менувач, а SLC 300 и SLC 43 AMG доаѓаат со 9-степен автоматик.

Final Edition изданието, помеѓу останатото подразбира и 18-инчни алу тркала со 5 краци, дотерани браници, Airscarf систем на греење, како и опциона специјална жолта боја на екстериерот (останатите достапни се црна и сива).

Битно е да се знае дека за 23 години постоење, од првото претставување 1996 година на SLK, Mercedes до сега ширум светот продал повеќе од 710.000 единици на овој модел.

Првата генерација, со фабричка ознака R170, својата промоција ја имаше во далечната 1996 година во Париз, втората генерација (R171) пристигна во 2004 година, а третата (R172) се појави во 2011 година, а пред неколку години при рестилизација името од SLK е сменето во SLC.

Исто така, на овогодинешниот Автосалон во Женева пристигнува и специјалниот Mercedes SL Grand Edition.

Овој модел ќе се нуди во верзии SL 400 со 3.0 V6 мотор и SL 500 со 4.6 V8 агрегат и со избор од четири бои на екстериер.

Како дел од богатата опрема ќе ги издвоиме алуминиумските тркала од 19 и 20 инчи, спортско ниско ослонување, кожен ентериер, Airscarf систем на греење, Driving Assistance Plus со Active Parking Assist и друго.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.