Шефот на дизајнот на Lamborghini Митја Боркерт одлучи да го прикаже импресивниот концепт на улиците на Sant’ Agata Bolognese

Lamborghini Terzo Millennio

Шефот на дизајнот на Lamborghini Митја Боркерт одлучи да го прикаже импресивниот концепт на улиците на Sant’ Agata Bolognese, место познато како седиште на оваа италијанска марка.

Lamborghini Terzo Millennio 2

Освен што на луѓето кои се затекнаа на вистинско место во вистинско време одлучи да им го покаже најновиот проект на Lamborghini, со кој најавува како ќе изгледаат хипер автомобилите на иднината,

Lamborghini Terzo Millennio 3

Митја ја искористи оваа прилика и за фото сесија. Иронично е тоа што возилото е фотографирано на локалната напуштена бензинска пумпа, бидејќи Terzo Millennio користи струја за погон, а не бензин.

Lamborghini Terzo Millennio 4

За овој фантастичен концепт за сега не се објавени многу детали, освен дека има електричен погон и карбонска каросерија и веројатно нема да доживее сериско производство, но сигурно ќе послужи како насока при дизајнирањето и користењето на нови технологии кај идните модели на Lamborghini.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.