По некои извори, новиот 508 SW, Peugeot би можел да го промовира на есенскиот Автосалон во Париз

28167769_405145146596318_671037932863787468_n

По некои извори, новиот 508 SW, Peugeot би можел да го промовира на есенскиот Автосалон во Париз, а денес ќе презентираме неколку неофицијални рендери на можен изглед на караванот, RXH и Coupe верзијата.

28168163_405597563217743_5590055860602520275_n

Новиот 508 SW ќе биде направен на EMP2 платформата, која овозможува намалување на тежината (-70 килограми) во однос на претходникот, повеќе пространост и комфор во ентериерот, со квалитетни материјали, богата опрема и секако i-Cockpit.

Во гамата на погонски агрегати ќе се најдат бензинци и дизелаши, со распон на сила од 130 до 225кс.

SW

Попрецизно, 1.5 BlueHDi со 130кс и 300Nm, 2.0 BlueHDi достапен во верзии со 160 и 180кс, двата со 400Nm, додека 1.6 PureTech бензинецот е на располагање во верзии 180кс/250Nm и 225кс/300Nm.

RXH

На крајот, прикажуваме и рендер кој ни покажува како би можел да изгледа Peugeot 508 II Coupe, како наследник на некогашните 406 Coupe и 407 Coupe.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.