Високи Октани претставува една атрактивна идеја и навистина моќна визија, како можен наследник на Ferrari 812 Superfast

Праксата на Високи Октани е да пренесува проверени вести и да работи само со вистински автомобили, но сега, заради атрактивноста на самата идеја, одлучивме да споделиме една навистина интересна визија.

Нема ниту две години откако Ferrari го претстави моделот 812 Superfast, кој го наследи сега веќе митскиот F12 Berlinetta.

Како би можел во иднина да изгледа наследникот на актуелниот 812 Superfast се запраша и даде многу интересен одговор Sang-Hyuk Ahn, дипломец на училиштето за уметност во Пасадена, а редакцијата на Високи Октани неговата работа денес ја претставува.

Визијата на дипломецот од Пасадена изгледа импресивно, со своите одлично осмислени и изведени пропорции и дизајнерски линии и елементи одговараат на едно футуристичко Ferrari, па дури би било достојно за вистински наследник на 812 Superfast.

Уживајте во овие прекрасни скици:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.