Три и пол години од претставувањето на DBX концептот, Aston започна да го тестира својот прв SUV модел

Точно три и пол години од претставувањето на DBX концептот, Aston Martin започна да го тестира својот прв SUV модел.

Иако претходно најавен под номенклатурата Verakai, првиот SUV на Aston Martin сепак ќе пристигне под ознаката DBX.

Првите две букви ја означуваат линијата на спортски автомобили од ерата на Дејвид Браун, а Х е за кросовер класата.

Официјалните фотографии, кои ги објави Aston Martin, покажуваат дека DBX има многу заеднички црти со последните спортски модели Vantage, DB11 и DBS Superleggera.

За разлика од концептот, пред серискиот DBX има попрактичен дизајни и пет врати, а еден поглед на предната маска е доволен доказ дека е во прашање еден вистински Aston.

Уште не е прецизирано каде DBX точно ќе се позиционира, дали со Jaguar F-Pace и Maserati Levante или ќе пука на врвот на класата заедно со Bentley Bentaygа, Lamborghini Urus и најавениот Ferrari SUV.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.