На друштвените мрежи осамнаа слики и видео прилог за мистериозна верзија на VW Golf, за која се мисли дека е новата, осма генерација

Оваа есен Volkswagen, по сите најави, на Автосалонот во Франкфурт ќе го прикаже новиот Golf VIII.

По неколку шпионски фотки со лош квалитет и повеќе видео снимки, од кои само приложената е вредна за коментар, на една од друштвените мрежи осамнаа фотографии на возило за кое се тврди дека е новиот Golf.

Is this the Golf Mk8?

While production of the upcoming Volkswagen Golf Mk8 is only set to kick off around the middle of 2019, it seems that 'something' looking suspiciously like the teaser sketch dropped a few days ago by Volkswagen Group South Africa, has been spotted out in the Eastern Cape, South Africa.Could this be the Golf Mk8?

Posted by Tuned Automotive Magazine on Monday, December 10, 2018

Потполно новата генерација на родоначалникот на компактната класа, како го нарекуваат, ќе вози на MQB Evo платформа и ќе има подолго меѓуоскино растојание, што ќе резултира со повеќе простор во кабината и 50 килограми помалку на тежина.

Судејќи по презентираните фото/видео прилози, новиот Golf нема особено дизајнерско унапредување од актуелната седумка.

Забележуваме поаеродинамично обликувани светлосни единици, нови браници и потесна маска, но сигурни сме дека главните изненадувања ќе се кријат под каросеријата – нови 3 и 4-цилиндрични бензинци и дизелаши и mild-hibrid, а ќе има и унапредено ослонување и нови мултимедијални содржини.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.