Активиран прв Контролен центар на домашните патишта – 24-часовен видео надзор, известувања и предупредувања директно на радијата во возилата на оваа делница, сето тоа пропратено со зурли и тапани

Безбедноста на сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица и на двата тунела, што се пуштија вчера во употреба ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино.

Со 24-часовен видео надзор се покриени тунелите на автопатот преку кои до возачите ќе стасуваат предупредувања во случај на сообраќајки, дефекти во системот, евентуално затворање на сообраќајот…

Во двата тунела се инсталирани 64 камери. Центарот обединува четири посебни системи преку кои, меѓу останатото, на возачите ќе им стасуваат потребните известувања со автоматско вклучување преку фреквенцијата на радијата во автомобилите. Ќе се мери брзината на движење, густината на сообраќајот, издувните гасови и друго.

Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба.

Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари.

Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија.

Ова е прв Контролен центар на автопатиштата во Македонија. Ваков Центар ќе има и кај Петровец за контрола и управување на сообраќајот од Табановце до Велес, а планирано е да се изгради и на автопатот Кичево – Охрид.

Сите контролни центри ќе бидат интегрирани во заеднички Контролен пункт лоциран кај Петровец.

Контролниот центар на новата автопатска делница беше изграден по анексот на договорот за изградба за автопатот во октомври лани, со кој беа опфатени и градежните зафати за дислоцирање на далновод на МЕПСО. Центарот и далноводот беа клучните причини за продолжувањето на активностите на терен.

Со пуштањето во употреба на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,2 километри се заокружува со целосно автоапатското решение – Коридорот 10 низ територија на Македонија. Инвестицијата изнесува 270 милиони евра.

На пуштањето на автопатот присуствува и премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, а како тоа изгледаше погледнете и сами:

Извор: Либертас.мк

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.