Peugeot денес ќе ја промовира новата генерација на својот кросовер 3008

2

Француската компанија Peugeot денес ќе ја промовира новата генерација на својот кросовер 3008, кој во периодов повеќе пати е „фатен“ при тест возење, како и при снимањето на промотивниот материјал во Барселона. Исто така, неодамна се појави и шпионско видео снимено во фабрика.

Пред нас е и новата слика со која се најавува денешната промоција, а додека да не пристигнат официјалните податоци за се потсетиме за какво возило станува збор.

3

Новиот кросовер на францускиот лав најверојатно ја користи EMP2 платформата, а што се однесува до погонските агрегати во понуда ќе биде понудена палета на 3-цилиндрични и 4-цилиндрични турбо бензинци и дизелаши, во комбинација со мануелни и автоматски менувачи.

4

Новата генерација на 3008-ката ќе поседува потполно нов ентериер, опремена со i-Cockpit систем со мултифункционален 12.3-инчен монитор. Тука е и помалиот, 8-инчен инфо-забавен екран поставен на централната конзола, со 3Д навигација и поддршка за Android Auto, Apple CarPlay и MirrorLink.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.