Премиерата на новиот Peugeot 208 ја очекуваме на почетокот на март месец во Женева

Актуелната 208-ка дебитираше при крајот на 2011 година, па се очекуваше дека Peugeot ќе го искористи минатогодишниот Автосалон во Париз за на домашен терен да го претстави наследникот.

Но, до тоа не дојде, а францускиот произведувач ги продолжи подготовките за лансирање на новата генерација, тестирајќи ги прототиповите во зимски услови.

Тестните автомобили се и понатаму прекриени со тешка камуфлажа, па не сме во можност детално да го анализираме дизајнот на надворешноста.

Иако Peugeot актуелната 208-ка ја нуди и во тривратна варијанта, тоа веројатно нема да биде случај со новата генерација, заради намалениот интерес на купувачите за тривратните модели.

Освен новиот дизајн, Peugeot 208 за 2019 година ќе има и нова механичка основа. Новиот 208 ќе ја користи CMP (Common Modular Platform) механичката платформа на која е заснован и DS3 Crossback, што ќе отвори можност и за потполно електрична верзија.

Премиерата на стандардната верзија на Peugeot 208 со конвенционални мотори ја очекуваме на почетокот на март месец, на Автосалонот во Женева.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.