Ден пред светската премиера во јавноста протекоа фотографиите на новата генерација BMW 3 (G20)

Сликите на G20 пристигнаа директно од автомобилскиот конфигуратор, спрема популарниот форум BimmerPost, прикажувајќи истовремено неколку модели, вклучувајќи ги и M340i, M Sport Package и Sport Line.

Првиот впечаток кој се наметнува е дека G20 има подобри пропорции од претходникот, како и поагресивен изглед, пред се благодарение на новиот дизајн на светлосните единици достапни и со лед или ласерска технологија.

Очигледно е и поголемото меѓуоскино растојание, што автоматски му дава на возилото и поелегантен профил.

Генерално кабината делува многу унапредено од претходната генерација, пред се во смислата на дизајнот и квалитетот.

Во ентериерот доминира 12,3-инчниот мултимедијален дисплеј и 10,2-инчната контролна табла.

Возилото поседува и нови спортски седишта, унапредени контроли на клима уредот и друго.

За новиот BMW серија 3 (G20) ќе бидат достапни четири нови бои на каросеријата и тоа Dravit Grey, Tansanit Blue II, Citrin Black II и Vermont Bronze.

Врвната понуда под хаубата ќе биде 3.0-литарскиот реден 6-цилиндричен турбо бензинец во M340i, а под него ќе биде сместен 2.0-литарскиот 4-цилиндраш во 330i верзијата.

BWM за погон ќе понуди и дизел, plug-in хибридни и електрични агрегати, но на пазарот ќе ги пласира во различни периоди.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.