Ретко која автомобилска марка предизвикува толку многу контроверзи, како што тоа е случај со Teslа

Во последниве неколку години американскиот произведувач на електрообили бележи пазарен раст кој е право пропорционален со бројни притужби, пред се на системите за автономно возење.

Сопственик на Teslа од Шангај завршил во река, управувајќи Model S. Несреќниот возач тврди дека возел многу споро и кога ја притиснал сопирачката, возилото необјасниво нагло забрзало, ја пробило оградата и завршило во вода.

На среќа, никој не е повреден во оваа несреќа, а сопственикот на возилото се обидува да го привлече вниманието на јавноста, бидејќи ова не е прв ваков инцидент со возилата марка Tesla.

Во април 2018 година, Tesla Model X пробил два ѕида и влетал во теретана на Флорида.

При крајот на 2016 година, јужнокорејски актер помина низ ѕид на својот дом со својата Tesla, а ја паметиме и госпоѓата од САД, која со Tesla влезе во продавница.

Возачите тврдат дека возилото е виновно за наведените несреќи, иако претставниците на Teslа, нормално не признаваат и се обидуваат да објаснат дека е во прашање човечка грешка, односно дека возачите ги замениле педалите гас-сопирачка, што е сепак, мораме да признаеме, инфантилно тврдење.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.