Неочекувана фото сесија на новиот Volkswagen Golf и тоа од сите агли

Volkswagen не ја претстави новата генерација на моделот Golf на престижниот женевски Автосалон, но затоа деновиве „протекоа“ фотографии на новата „Осумка“.

Фотографиите се квалитетни, светлината е солидна, а возилото не е маскирано, па може убаво да се види од сите агли и да се процени.

Новиот Golf е базиран на унапредена верзија на платформата на која е направен и Mk7, наречена MQB Evo. Освен што ќе биде полесен до 45 килограми, ќе има и подолго меѓуоскино растојание од актуелната верзија, што ќе донесе поголем простор во патничката кабина и во багажникот.

Секако, во бестселерот на Volkswagen очекуваме и нов ентериер, мноштво на безбедносни и технолошки системи, а можни се и системи за полуавтономно возење.

Во јануари минатата година Volkswagen најави дека производството на Golf 8 ќе започне во јуни годинава, а во понудата се очекуваат бројни 3-цилиндрични и 4-цилиндрични турбо бензинци и турбо дизели, но и хибридна варијанта.

Потоа ќе следува уште еден владетел во својата класа – GTI варијантата, која веројатно за погон ќе има 2.0-литарски 4-цилиндричен турбо бензинец со околу 300 коњски сили, а тоа понатаму ќе доведе до уште помоќниот Golf R.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.