Возач од Англија е казнет со дури три месеци затвор, затоа што користел справа за реметење камера која мери прекорачување на брзина

Јоркширската полиција го уапси Мајкл Твизел (58), кој на своето BMW го инсталирал споменатиот уред, за да се обиде да ги избегне казните за прекорачување на брзина.

Возилото на Твизел било снимено од мобилна полициска камера додека возел по патот А658, но направата за реметење сигнал на неговото BMW предизвикала грешка на уредот за мерење брзина.

На полицајците ова им било сомнително, па спровеле истрага и ја откриле направата за реметење на предниот дел на возилото.

На суд Твизел ја признал вината и е казнет со затвор во траење од три месеци. Освен ова, Мајкл ќе мора да плати и парична казна од дури 1.500 фунти (1.700 евра).

„Полицијата ќе продолжи да ги истражува сите случаи во кои постои сомнеж дека возачите користат вакви или слични справи за реметење на спроведување на правдата. Затоа советувам на секого кој во возило поседува сличен уред да размисли за последиците на користење на истиот и му препорачувам да го отстрани да за избегне понатамошно процесуирање“, строго изјави претставникот на органите на редот на Северен Јоркшир.

Реакциите на јавноста се жестоки:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.