Најновите стручни универзитетски испитувања укажуваат на потребата возачите строго да одбегнуваат одредени намирници во својата исхрана

Најновите стручни универзитетски испитувања во Европа укажуваат на потребата возачите строго да одбегнуваат одредени намирници во својата исхрана.

После консумација на три парчиња колачи со по 20 грама афион (мак), тестирањата на дрога кои ги користи полицијата за возачите можат да покажат позитивни резултати.

Возачите кои сакаат слатки, особено колачи од афион можат да имаат проблеми при полициска нарко контрола.

Стручните лица на универзитетот во Бон заклучија дека по консумација на три колачи со по 20 грама афион, тестирањата на дрога кои ги користи полицијата можат да покажат позитивни резултати.

Афионот е, имено, главна сировина за производство на хероин, па во урината, крвта и плунката се пронаоѓаат траги на овој опијат дури и 48 часа по консумирањето на колачите.

Проблемот да биде уште поголем, само специјализирани лабораториски анализи можат да прецизираат и утврдат дали возачот консумирал (без)опасни колачи со мак или хероин.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.